Турското национално беспилотно летало (ИХА) „Анка“ ќе се произведува заеднички во Казахстан

Со потпишаниот меморандум за разбирање потпишан меѓу Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и казахстанската компанија Инженеринг, беспилотното летало (ИХА) „Анка“ ќе се произведува заеднички во Казахстан

1825153
Турското национално беспилотно летало (ИХА) „Анка“ ќе се произведува заеднички во Казахстан

Националното беспилотно летало (ИХА) „Анка“ кое се извезува во Казахстан, ќе биде произведено заеднички од страна на Турција и Казахстан во фабриката што ќе биде изградена во оваа земја.

Според објавеното соопштение од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), компанијата која минатата година во Казахстан постигна договор за извезување на турското национално  беспилотно летало (ИХА) „Анка“, фрли потпис на нова соработка со оваа земја.

Со потпишаниот меморандум за разбирање меѓу Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и казахстанската компанија Инженеринг, беспилотното летало (ИХА) „Анка“ ќе се произведува заеднички во Казахстан.

Ќе биде реализирана соработка во прашања за трансфер на технологија, вклучувајќи ги и процесите за одржување и поправка.

На тој начин, Казахстан стана првата производствена база на турското национално  беспилотно летало (ИХА) „Анка“, надвор од Турција.

Со договорот е фрлен значаен чекор за обука на човечките ресурси во оваа сфера и развивање на способноста за производство на беспилотни летала (ИХА).

 



Слични вести