Турската екипа тргна на 6. Национална научна експедиција на Антарктикот

Тимот од 20 лица кои ќе учествуваат во 6. Национална научна експедиција на Антарктикот, е испратен од Истанбулскиот Аеродром во главниот град на Шпанија, Мадрид, а оттука по 4 реализирани трансфери ќе пристигне на „Белиот континент“

1766941
Турската екипа тргна на 6. Национална научна експедиција на Антарктикот

Тргна на пат 6. Национална научна експедиција на Антарктикот која е организирана од страна на Турција на „Белиот континент“.

Тимот од 20 лица кои ќе учествуваат во 6. Национална научна експедиција на Антарктикот, е испратен од Истанбулскиот Аеродром во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Тимот ќе стигне на Антарктикот по 4 реализирани трансфери оттука.

Тимот кој поради мерките за новиот тип на коронавирус (Ковид-19) ќе остане во карантин во Сантијаго и Пуерто Вилијамс, ќе ги заврши своите научни студии во тешки услови на Белиот континент за време на експедицијата која ќе трае приближно еден и пол месец.

Националните поларни научни експедиции кои се организираат во Турција уште од 2017 година, се спроведуваат под покровителство на Претседателството, под одговорност на Министерството за индустрија и технологија и под координација на Институцијата за научно-технички истражувања на Турција (ТУБИТАК) и Институтот за поларни истражувања на Центарот за истражување Мармара (МАМ).

Тимот за експедиција ќе спроведе детални истражувања во рамките на 14 проекти во различни сфери како што се науките за земјата и природните науки.

Овие проекти ќе се реализираат во соработка со 29 институции.

Во тимот на експедицијата се наоѓаат и по еден истражувач од Португалија и Бугарија.

За време на 6. Национална научна експедиција на Антарктикот, ќе бидат тестирани и бројни технолошки производи развиени со домашни капацитети во духот на „Националниот технолошки потег“.

 



Слични вести