За прв пат во Европа ќе се користи електричен автобус без возач развиен од страна на турски инженери

Во „Forus Business Park“ во градот Ставангер, во Норвешка, започна тестирањето на автобусот без возач долг 8 метри, произведен од страна на турската компанија „Карсан“

1766763
За прв пат во Европа ќе се користи електричен автобус без возач развиен од страна на турски инженери

За прв пат во Европа електричен автобус без возач развиен од страна на турски инженери ќе се користи во јавниот сообраќај.

Во „Forus Business Park“ во градот Ставангер, во Норвешка, започна тестирањето на автобусот без возач долг 8 метри, произведен од страна на турската компанија „Карсан“.

Возилото со капацитет од над 50 лица и 21 седиште, по месец април ќе се тестира во текот на 2 години во системот за градски превоз во градот Ставангер, во Норвешка.

За време на тестирањата ќе се искористи и технологијата за автономна контрола на возилата развиена од страна на стартап компанијата „Applied Autonomy“ со седиште во Норвешка.

На тој начин, за прв пат во Европа, еден автобус со автономни карактеристики од четврто ниво ќе биде интегриран во системот на јавен превоз и ќе се користи во градскиот сообраќај.

Со тест-проектот ќе се утврдува придонесот на автономното користење на автобуси во градскиот сообраќај.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, во врска со автобусот без возач развиен од страна на турски инженери, сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер

Честитајќи им на компаниите кои го развија возилото, министерот Варанк напиша: „Уште еден ден на гордост на Технолошкиот потег! За прв пат во Европа, автобус без возач ќе биде интегриран во системот на јавен превоз и ќе се користи во градскиот сообраќај.“

 



Слични вести