По 2025 година секој месец од хангарот ќе излегуваат по 2 национални џетови за обука „Хуржет“

Генерален директор на Турската воздухопловна и вселенска индустрија А.Д. (ТУСАШ или TUSAŞ) Темел Котил информира дека по 2025 година секој месец ќе се произведуваат по два национални авиони џетови за обука и лесен напад „Хуржет“ („Hürjet“)

1763371
По 2025 година секој месец од хангарот ќе излегуваат по 2 национални џетови за обука „Хуржет“

По 2025 година секој месец ќе се произведуваат по два национални авиони џетови за обука и лесен напад „Хуржет“ („Hürjet“).

Генерален директор на Турската воздухопловна и вселенска индустрија А.Д. (ТУСАШ или TUSAŞ) Темел Котил даде изјави во врска со точкката до којашто е дојдено во проектот „Хуржет“ („Hürjet“).

Велејќи дека се произведени прототипите на „Хуржет“ и за еден до два месеци авионот ќе може да се покаже целосно, Котил рече: „Хуржет својот прв лет ќе го оствари на 18 март 2023 година.“

Тој наведе дека проектот „Хуржет“ е поставен пред националниот борбен авион (ММУ) и дека она што ќе се научи овде ќе биде пренесено на националниот борбен авион.

Темел Котил информира дека по 2025 година секој месец ќе излезат од хангарот по два авиони „Хуржет“ за кој рече дека се развива и произведува со најнови технологии пред неговите ривали.



Слични вести