Успешно добиен сигнал од првиот лансиран турски минијатурен сателит „Гризу-263А“

Успешно е добиен сигнал од првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ кој беше лансиран во вселената вчера приквечер од базата Кејп Канаверал во Флорида, во САД, по што еден час по неговото лансирање се смести на својата орбита

1762440
Успешно добиен сигнал од првиот лансиран турски минијатурен сателит „Гризу-263А“

Успешно е добиен сигнал од првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) кој беше лансиран во вселената вчера приквечер.

Како што се соопштува, успешно е добиен сигнал од првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) кој е дизајниран од страна на вселенскиот тим Гризу-263 составен од студенти на Инженерскиот факултет при Универзитетот „Булент Еџевит“ (BEÜ) во градот Зонгулдак, со цел реализација на основните комуникациски капацитети.

Мини сателитот беше испратен во вселената со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ („Space X“) вчера приквечер во 18:25 часот по турско време, од базата Кејп Канаверал во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД), по што еден час по неговото лансирање се смести на својата орбита.

Во споделената објава на профилот на вселенскиот тим „Гризу-263“ преку социјалните медиуми се истакнува следното:„Успешно се примени првите сигнали од нашиот сателит 'Гризу-263А', нашиот сателит е во живот. Би сакале да им се заблагодариме нашите професори Мехмет Фатих Енгин, Тахсин Чагри Шишман, Ибрахим Арда, Јилмаз Бариш Еркан и Билге Демиркоз кои овозможија нашите сигнали да бидат примени.“

Капетанот на тимот Чагла Ајтач Дурсун, исто така, објави на својот профил на преку социјалните медии напиша: „Гордост. Дизајниравме, произведовм, тестиравме и испративме во вселената. Сега, нашиот сателит 'Гризу-263А' е на својата задача целосно здрав.“

Првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) кој тргна на своето вселенско патување со имињата на рударите кои ги загубија животите во експлозијата на гас што се случи во рудник во градот Зонгулдак на 3 март 1992 година, се планира да биде во услуга 4 години и 8 месеци во ниска земјина орбита од приближно 525 километри.

Сателитот „pocketqube“ е со тежина од 237 грама и димензии 5х5х5 сантиметри.

 



Слични вести