Лансиран во вселената првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“

Првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) беше успешно лансиран од базата Кејп Канаверал во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД) вчера приквечер во 18:25 часот по турско време

1762332
Лансиран во вселената првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“

Вчера приквечер беше лансиран во вселената првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“).

Сателитот „Гризу-263А“ беше успешно лансиран од базата Кејп Канаверал во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД) во 18:25 часот по турско време.

Сателитот дизајниран од вселенскиот тим Гризу-263, составен од студенти на Инженерскиот факултет при Универзитетот „Булент Еџевит“ (BEÜ) во градот Зонгулдак, со цел реализација на основните комуникациски капацитети, беше испратен во вселената со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“ („Space X“).

Првиот минијатурен сателит на Турција „Гризу-263А“ („Grizu-263A“) кој тргна на своето вселенско патување со имињата на рударите кои ги загубија животите во експлозијата на гас што се случи во рудник во градот Зонгулдак на 3 март 1992 година, се планира да биде во услуга 4 години и 8 месеци во ниска земјина орбита од приближно 525 километри.

Сателитот „pocketqube“ е со тежина од 237 грама и димензии 5х5х5 сантиметри.



Слични вести