Донесена одлука за сериско производство на домашниот авион за обука „Хуржет“

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија кој се одржа под претседателство на претседателот Ердоган е донесена одлука за сериско производство на домашниот авион за обука и лесен напад „Хуржет“ („HÜRJET“)

1761723
Донесена одлука за сериско производство на домашниот авион за обука „Хуржет“

Донесена е одлука за премин кон сериско производство од прва етапа на домашниот авион за обука и лесен напад „Хуржет“ („HÜRJET“).

Извршниот комитет за одбранбена индустрија се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На состанокот што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше разговарано за прашања посветени на додавање нови на домашните и националните системи коишто ги користат Турските вооружени сили (ТВС) и безбедносните единици, а беше донесена и одлука за сериско производство од прва етапа на авионот за обука и лесен напад „Хуржет“ („HÜRJET“) чиј прв лет е планиран за следната година.

Освен тоа, на состанокот беа донесени одлуки во однос на различни проекти во сфери како што се различни воздушни, копнени и поморски платформи, комуникациски и информациски системи, муниција и ракети, различни видови опрема, модернизација, логистика, сајбер безбедност и вештачка интелигенција.

Притоа беше нагласено дека развојот во земјата со домашни можности на секој вид технологија во одбранбената индустрија којашто се купува од странство, е апсолутно неопходно за потполно независна одбранбена индустрија и дека ќе продолжат да се поддржуваат активностите коишто ги реализира секторот на тоа поле.

На состанокот беше констатирано дека Турција ќе продолжи да напредува со сигурни чекори кон нејзините цели во дизајнирањето, развивањето и производството на домашни и национални системи и технологии, без притоа да им се обрнува внимание на сите пречки коишто се поставуваат пред неја.

 



Слични вести