Варанк: Националниот сателит за набљудување „ИМЕЏЕ“ ќе биде готов за лансирање во последниот квартал на годината

Министерот за индустрија и технологија Варанк информира дека првиот национален сателит за набљудување со резолуција под еден метри произведен од страна на Турција „ИМЕЏЕ“ ќе биде подготвен за лансирање во вселената во последниот квартал од годината

1759197
Варанк: Националниот сателит за набљудување „ИМЕЏЕ“ ќе биде готов за лансирање во последниот квартал на годината

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, по церемонијата на колективно свечено отворање и промовирање што се одржа во постројките на Турската воздушна и вселенска индустрија на (ТУСАШ) во населеното место Кахраманказан кај Анкара, на својот профил на Твитер сподели објава во врска со неговата посета на Центарот за интеграција и тестирање на вселенските системи во склопот на ТУСАШ.

Варанк информира дека првиот национален сателит за набљудување со резолуција под еден метри произведен од страна на Турција „ИМЕЏЕ“ (İMECE) ќе биде подготвен за лансирање во вселената во последниот квартал од годината.

Министерот Варанк во својата објава истакна дека ги посетил вработените за вселената „УЗАЈ“ на Институцијата за научно-технички истражувања на Турција (ТУБИТАК) кои се на ноќна смена и го рече следното: „Првиот национален сателит за набљудување на Турција со резолуција под еден метар „ИМЕЏЕ“ (İMECE), дизајниран и произведен од нула, ќе биде подготвен за лансирање во вселената во последниот квартал на 2022 година.“ 

Со потсистемите развиени во Проектот за инфраструктура „ИМЕЏЕ“ (İMECE) за задоволување на потребите на Турција од слики со висока резолуција, со испраќање на сателитот во вселената се има за цел да се минимализира зависноста од странство во критичните вселенски технологии.

Особено, со развојот на опремата за снимање, комуникација, сателитски менаџмент (компјутер за летање), електричен погон, потсистеми за одредување моќ и ориентација со национални ресурси, ќе се располага со комерцијална опрема со висока додадена вредност која ќе биде заземе место и ќе биде достапна на домашниот и меѓународниот пазар.

 



Слични вести