Турските стартапи на саемот „CES 2022“ во Лас Вегас во САД

На саемот „CES 2022“ што се одржува од 5 до 7 јануари во Лас Вегас, во САД, учествуваат повеќе од 2.100 технолошки фирми/компании од 159 земји меѓу кои

1758220
Турските стартапи на саемот „CES 2022“ во Лас Вегас во САД

Турските технолошки претприемачи (стартапи, start-up) за прв пат ги промовираат своите нови производи и технологии на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ (Consumer Electronic Show-CES 2022) кој се одржува во градот Лас Вегас, во Соединетите Американски Држави (САД).

На саемот „CES 2022“ што се одржува од 5 до 7 јануари во Лас Вегас учествуваат повеќе од 2.100 технолошки фирми/компании од 159 земји.

На саемскиот простор „EUREKA Park“ се изложуваат технолошки производи како што се дигитално здравје, паметни градови, возила без возач (автономни возила), роботика, зголемена и виртуелна реалност, вештачка интелигенција, е-спорт, козметички технологии и уште многу други технолошки производи за широка потрошувачка.

Сите технолошки производи од нова генерација коишто се изложуваат на „CES 2022“ се претставувани за прв пат во рамките на овој настан.

На саемот учествуваат и 195 фирми/компании од „Fortune Global 500“ кадешто се внесени најголемите 500 компании во светот.

Турските технолошки претприемачи (стартапи, start-up), исто така, на саемот го состануваат светот со технологијата на Турција.

Во тие рамки, турските стартапи имаат можност да ги изложат своите производи и технологии и да одржуваат состаноци со клиенти во павилјонот Истанбул со површина од 150 квадратни метри во склопот на саемот „CES 2022“ во „EUREKA Park“.

 



Слични вести