За турската домашна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ пристигнува побарувачка и од странство

Шефот на Претседателството на здравствените институти на Турција (TÜSEB) проф. д-р Ерхан Акдоган даде изјава во постројката во градот Шанлиурфа кадешто се реализира сериско производство на вакцината „Турковак“

1753064
За турската домашна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ пристигнува побарувачка и од странство

Како што се истакнува за турската домашна вакцина „Турковак“ која е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и која доби одобрение за итна употреба, пристигнува побарувачка и од странство.

Шефот на Претседателството на здравствените институти на Турција (TÜSEB) проф. д-р Ерхан Акдоган даде изјава во постројката во градот Шанлиурфа кадешто се реализира сериското производство на вакцината „Турковак“.

Нагласувајќи дека во Турција во моментов нема никаков проблем во врска со вакцините така што ставајќи ја во примена и вакцината „Турковак“ ќе се придонесе за унапредување на овој процес, Акдоган рече: „Во врска со Турковак добиваме различни барања и од странство и се прават неопходни подготовки и планови за да се одговори на овие барања. Турција е една од 9-те земји кои произведуваат вакцина против Ковид-19 во светот.“

„Исто така, во главниот град Анкара започнува изградбата и на постројка за производство на вакцина и биотехнолошки производи, за која се планира да биде завршена следната година. Како Претседателство на здравствените институти на Турција (TÜSEB) ние ќе го дадеме нашиот придонес до крај во научно и технолошка смисла. На тој начин ќе се реализираат студии и за слични вакцини како што е Турковак.“ - рече шефот на Претседателството на здравствените институти на Турција (TÜSEB) проф. д-р Ерхан Акдоган.

 



Слични вести