Националниот систем за противвоздушна одбрана „ХИСАР O+“ успешно уништи уште една високобрзинска цел

Исмаил Демир информира дека националната ракета за противвоздушна одбрана со средна височина „ХИСАР O+“ со последниот реализиран приемен истрел пред да биде внесен во во инвентарот, ја уништи високобрзинската цел на голема надморска височина

1752749
Националниот систем за противвоздушна одбрана „ХИСАР O+“ успешно уништи уште една високобрзинска цел

Националната ракета за противвоздушна одбрана со средна височина „ХИСАР O+“ („HİSAR O+“) со последниот реализиран приемен истрел пред да биде внесен во инвентарот, ја уништи високобрзинската цел на голема надморска височина.

Шефот на Претседателството за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир во споделената објава на својот профил преку социјалната мрежа Твитер информираше во врска со националната ракета за противвоздушна одбрана со средна височина „ХИСАР O+“.

Нагласувајќи дека одбранбената индустрија фрли потпис на уште еден успех, Демир рече: „Нашиот национален ракетен систем за противвоздушна одбрана 'ХИСАР O+' (HİSAR O+), со последниот реализиран приемен истрел пред да биде внесен во инвентарот, ја уништи високобрзинската цел на голема надморска височина. 'ХИСАР O+' веќе е на задача со полн капацитет со сите негови елементи. Нека е аирлија (со среќа) на нашата славна армија.“



Слични вести