Кандидат за астронаут на НАСА родум од Адана, Турција

Дениз Бурнхам која служеше како поручник во американската морнарица, успеа да влезе меѓу 6 мажи и 4 жени избрани за програмата на НАСА за кандидати за астронаут меѓу 12 илјади кандидати за астронаути

1745146
Кандидат за астронаут на НАСА родум од Адана, Турција

Меѓу кандидатите за астронаути избрани од страна на Националната воздухопловна и вселенска агенција (НАСА) на Соединетите Американски Држави (САД), се наоѓа и една Американка родум од градот Адана, во Турција.

Дениз Бурнхам која служеше како поручник во американската морнарица, успеа да влезе меѓу 6 мажи и 4 жени избрани за програмата за кандидати за астронаут меѓу 12 илјади кандидати за астронаути.

Беше споделена информацијата дека 36-годишната Барнхам е родена во семејство на американски војник кој бил на задача во воената база Инџирлик во Адана.

Како што се истакнува Бурнхам која студирала хемија и машинско инженерство во Калифорнија, долги години работела во областа на енергијата, водела бројни проекти за дупчење нафта и како хоби можела да користи голем број летала од поморски авион до хеликоптери и едрилици без мотор.

Дениз Барнхам родум од градот Адана во Турција за време на студирањето интернирала во истражувачкиот центар на НАСА во Калифорнија, и како што се истакнува заедно со 9 други избрани кандидати од јануари 2022 година ќе почне да добива двогодишна интензивна пред-астронаутска обука.

 



Слични вести