Повик од турскиот нобеловец проф. Санџар до туркофонскиот свет

Ако сакаме да достигнеме ниво каде што можеме да постигнеме целосна независност и да ги заштитиме нашите права, мора да инвестираме во основните науки

1744108
Повик од турскиот нобеловец проф. Санџар до туркофонскиот свет

 

Турскиот научник, нобеловец, професор доктор Азиз Санџар, на туркофонскиот свет им се обрати со следните зборови: „Имаме ресурси. Имаме работна сила. Имаме голем потенцијал. Доволно е нашата сила да ја насочиме кон основните науки. Нашите деца треба да ги навикнеме на експерименталната наука“.

Азиз Санџар, вчера учествуваше на Економскиот форум (УЕФ Баку 2021) организиран од Државниот економски универзитет на Азербејџан (UNEC) во Баку, каде што одржа прес-конференција.

Наведувајќи дека деноноќно ја следеше 44 дневната војна што Азербејџан ја водеше во 2020 година за да ги ослободи своите територии од ерменската окупација, Санџар рече: „Победата на Карабах е најголемата победа на турскиот свет по Војната за независност на Турција“.

Наведувајќи дека во последните 5 години го посетил туркофонскиот свет и ги советувал администраторите да инвестираат во основните науки, Санџар рече: „Ако сакаме да достигнеме ниво каде што можеме да постигнеме целосна независност и да ги заштитиме нашите права, мора да инвестираме во основните науки. Јас сум турски патриот. Еден аспект на турскиот патриотизам е да се биде силен во науката. Имаме ресурси. Имаме работна сила. Имаме голем потенцијал. Нашата сила треба да ја насочиме кон основните науки. Нашите деца треба да ги навикнеме на експерименталната наука“.

На прашањето: „Дали новиот тип на коронавирус (Ковид-19) е природен или вештачки вирус?“, Санџар одговори: „Кинезите не го измислија Ковид-19. Се зборуваат многу афери (гласини). Ковид-19 излезе од природата . Тоа е се“.



Слични вести