Министрите за здравство на Г-7 одржаа итен состанок посветен на варијантата Омикрон на Ковид-19

Во објавеното заедничко соопштение по состанокот на министрите за здравство на земјите од Г-7 се истакнува следното: „По првата направена проценка, на глобалната заедница и се заканува нова, крајно заразна варијанта на Ковид-19 која бара итна акција“

1740583
Министрите за здравство на Г-7 одржаа итен состанок посветен на варијантата Омикрон на Ковид-19

Министрите за здравство на земјите од Г-7 кои на повик на Велика Британија одржаа итен состанок, соопштија дека глобалната заедница се соочува со закана од варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавеното заедничко соопштение по состанокот на министрите за здравство на земјите од групата Г-7, составена од Велика Британија, Соединетите Американски Држави (САД), Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија се истакнува следното: „По првата направена проценка, на глобалната заедница и се заканува нова, крајно заразна варијанта на Ковид-19 која бара итна акција.“

Во соопштението се укажува дека затоа министрите одржаа итен состанок за разгледување на случувањата во врска со загриженоста поврзана со варијантата Омикрон, а воедно се упатија пофалба до Јужна Африка за нејзината примерна ѝ во откривањето на новата варијантата и поради предупредувањето на другите земји.

Во соопштението се истакнува дека постои силна поддршка за формирање меѓународна мрежа за надзор на патогени во рамките на Светската здравствена организација (СЗО) и се додава следното: „Освен тоа министрите го прифатија стратешкото значење за обезбедување пристап до вакцини, обезбедија оперативна помош, ги унапредија нашите обврски за донации и ги поддржаа истражувањето и развојот, како и борбата против погрешните информации и дезинформациите за вакцините. Министрите истакнаа дека се решителни во наредните денови да споделат информации и да продолжат да работат блиску со Светската здравствена организација (СЗО) и меѓународните партнери за следење на варијантата Омикрон. Министрите ветија дека ќе се состанат повторно во декември“.

Инаку, пред неколку дена беше соопштено дека на 25 ноември во Јужноафриканската Република е утврдена варијантата B.1.1.529 на која од страна на Светската здравствена организација (СЗО) и беше дадено името „Омикрон“.

Потоа голем број земји меѓу кои и Турција поради појавата на варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесоа одлука за воведување забрана за патување во земјите од Јужна Африка.

 



Слични вести