Министерот Варанк: Го завршивме концептниот дизајн на Турската научна база на Антарктикот

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк информира дека е завршен концептниот дизајн на Турската научна база на Антарктикот која добила позитивна оценка од 53 земји членки страни на Антарктичкиот договор

1740904
Министерот Варанк: Го завршивме концептниот дизајн на Турската научна база на Антарктикот

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк говореше на 5-та Национална работилница за поларни науки одржана во Конгресниот и културен центар на Техничкиот универзитет Гебзе (ГТУ) во Коџаели кадешто информира дека е  е завршен концептниот дизајн на Турската научна база на Антарктикот за која рече дека добила позитивна оценка од 53 земји членки страни на Антарктичкиот договор.

Велејќи дека продолжуваат со подготовките за 6-та Национална научна експедиција на Антарктикот која планираат да ја реализираат во 2022 година, министерот Варанк рече: „На интензивен начин продолжуваат и нашите работи за формирање на Турската научна база на Антарктикот. Го завршивме концептниот дизајн на базата. Планираме станицата да може да работи во текот на 12 месеци во лето и зима и да биде со капацитет за 50 лица. На тој начин ќе обезбедиме можност постојано да добиваме податоци од белиот континент и да ви овозможиме квалитетни истражувања.“

„Исто така водиме информативни активности за зголемување на општествената свест на ова поле преку документарни филмови. Минатата година со придонесите на Турската радио и телевизија (ТРТ) емитувавме многу добар документарен филм. И тој навистина доби многу позитивни реакции и од научните средини и од нашите граѓани кои се заинтересирани за науката. Лично сметам дека овите видови активности се многу значајни, бидејќи резултатите од поларните истражувања навистина се значајни за да се разбере не само што се случува во поларните региони, туку и што се случува во нашиот свет со променливата клима.“ - порача министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.



Слични вести