Модерна ќе развие нова ефикасна вакцина и против варијантата Омикрон

Во објавеното соопштение од Модерна се истакнува следното: „Набрзина ќе развиеме кандидат за вакцина којашто ќе може да се користи како засилувачка доза (бустер, доза за потсетување) против варијантата Омикрон“

1739639
Модерна ќе развие нова ефикасна вакцина и против варијантата Омикрон

Модерна, една од компаниите кои развивија вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) соопшти дека ќе произведе посебна засилувачка доза (бустер) за новоутврдената варијанта Омикрон што се појави во Јужна Африка.

Во објавеното соопштение од Модерна се истакнува следното: „Набрзина ќе развиеме кандидат за вакцина којашто ќе може да се користи како засилувачка доза (бустер, доза за потсетување) против варијантата Омикрон.“

Модерна потсети дека и пред појавата на варијантата Омикрон тие работеле на стратегија за одредени засилувачки дози против евентуалната појава на нови мутации или варијанти коишто би предизвикале загриженост.

Во соопштението се вели  дека „Вакцините произведени во 2020-2021 година ионака содржеа засилувачки дози (бустери) за варијантите Делта и Бета,“ а воедно се нагласува дека Модерна „веќе ја докажа својата способност во рок од 60-90 дена да премине на фаза на клиничко испитување на своите нови кандидати за вакцина“.

Според веста на новинската агенција „АФП“, извршниот директор на Модерна Стефан Бансел во врска со развивањето на дополнителна доза (засилувачка доза, бустер) го рече следното: „Мутациите на варијантата Омикрон се загрижувачки и веќе неколку дена дејствуваме колку што е можно побрзо за да ја реализираме нашата стратегија во борбата против оваа варијанта.“



Слични вести