Нов рекорд од наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“: Успешно реализирани 400 илјади часа лет

Наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2 СИХА“ (Bayraktar TB2 SİHA), со постигнување на новини во историјата на турското воздухопловство успешно реализира 400 илјади часови лет и стана национално летало кое оствари најдолга задача на летање на небото

1739381
Нов рекорд од наоружаното беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“: Успешно реализирани 400 илјади часа лет

Првото национално и оригинално наоружано беспилотно летало (СИХА) на Турција „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2), со успешна реализација на 400 илјади часови лет фрли потпис на нов рекорд во историјата на турското воздухопловство. 

Според објавеното соопштение од компанијата „Бајкар“, „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2) остави зад себе уште една значајна пресвртница.

„Бајрактар ТБ2 СИХА“ (Bayraktar TB2 SİHA), со постигнување на новини во историјата на турското воздухопловство успешно реализира 400 илјади часови лет и стана национално летало кое оствари најдолга задача на летање на небото.

Националното наоружано беспилотно летало (СИХА) „Бајрактар ТБ2“, развиен од страна на „Бајкар“, кое е најдобро во својата класа при проценување на неговите технички карактеристики и операциите во кои учествуваше, е внесен во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) во 2014 година.

Ова беспилотно летало кое беше наоружано во 2015 година, моментално оперативно се користи од страна на Турските вооружени сили (ТВС), Генералната команда на жандармеријата, Генералната дирекција на полицијата и Националната разузнавачка организација (МИТ).

„Бајрактар ТБ2 СИХА“ (Bayraktar TB2 SİHA) од страна на безбедносните сили од 2014 година се користи активно во борбата против тероризмот внатре во границите на земјата и надвор преку границата.



Слични вести