Турција ќе донира уште 10 милиони дози вакцини за земјите кои имаат потреба од нив

Министерот Коџа информира дека Турција ќе донира 10 милиони дози вакцини преку механизмот „Ковакс“ кој обезбедува вакцини за земјите кои имаат потреба од нив

1738435
Турција ќе донира уште 10 милиони дози вакцини за земјите кои имаат потреба од нив

Министерот за здравство Фахреттин Коџа оствари телефонски разговор со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа доктор Ханс Клуге.

Министерот Коџа информира дека Турција ќе донира 10 милиони дози вакцини преку механизмот „Ковакс“ кој обезбедува вакцини за земјите на кои им требаат.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа доктор Ханс Клуге, по остварениот разговор со министерот Фахреттин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Пандемијата можеме да ја победиме само со солидарност. Им благодарам на д-р Фахреттин Коџа и на Турција за нивната дарежлива (великодушна) понуда дека доколку затреба би можеле да се преземат пациенти со Ковид-19 од европските земји чии здравствени системи и одделенија за интензивна нега се соочуваат со проблеми, во овие денови кога се соочуваме со тешките и студени зимски месеци. Турција со испраќање на материјали за Ковид-19 на 160 земји и 29 меѓународни организации и со донирање на повеќе од 2 милиони дози вакцини на 11 земји уште од самиот почеток на пандемијата покажа значаен пример на глобална солидарност. Благодарност до д-р Коџа и до Турција.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа пак, на својот  профил на Твитер на оваа објава на Клуге одговори со зборовите: „Ви благодарам поради тоа што привлековте внимание на придонесот што и го дава Турција под водство на нашиот претседател на меѓународната солидарност, уште од почетокот на пандемијата. Би сакал да ја споделам со вас и добрата вест дека преку механизмот 'Ковакс' ќе донираме уште 10 милиони дози вакцини.“

 



Слични вести