Министерот Коџа: Поднесено е барање за одобрение за итна употреба на домашната вакцина ТУРКОВАК

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека е поднесено барање за одобрување за итна употреба на домашната инактивна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ТУРКОВАК

1738450
Министерот Коџа: Поднесено е барање за одобрение за итна употреба на домашната вакцина ТУРКОВАК

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во говорот што го одржа пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), каде што се расправаше за буџетот на Министерството за 2022 година, во врска со домашната инактивна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ТУРКОВАК информира дека е поднесено барање за нејзино одобрување за итна употреба.

Министерот Коџа рече: „Заклучно со денеска нашата домашна инактивна вакцина против Ковид-19 ТУРКОВАК, поднесе барање за нејзино одобрување за итна употреба. Се надевам дека ќе се премине на нејзино масовно користење пред крајот на годината. Посакувам нашата национална вакцина, чија секоја фаза од клетка до самата вакцина се развива во нашата земја и од страна на нашите научници, да биде аирлија (корисна, да послужи за добро) за нашата земја, нашиот народ и за целиот свет“.

 



Слични вести