Сателитот „Турксат 5Б“ се планира да биде лансиран на крајот на декември 2021 година

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека успешно се завршени фазите на дизајнирање и производство на сателитот „Турксат 5Б“ („Türksat 5B“) кој ќе биде лансиран на крајот на декември 2021 година

1738200
Сателитот „Турксат 5Б“ се планира да биде лансиран на крајот на декември 2021 година

Како што е соопштено сателитот „Турксат 5Б“ се планира да се лансира на крајот на декември 2021 година.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу објави писмено соопштение во кое информира дека успешно се завршени фазите на дизајнирање и производство на сателитот „Турксат 5Б“ („Türksat 5B“).

Министерот Караисмаилоглу ја сподели следната информација: „Според актуелниот календар на проектот, сателитот 'Турксат 5Б' (Türksat 5B) се планира да биде лансиран од страна на компанијата 'Space X' (Спејс икс) со ракета од типот 'Falcon 9' од космодромот Кејп Канаверал на Флорида во Соединетите Американски Држави (САД) на крајот на декември 2021 година.“

Петтата генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5Б“ (Türksat 5B) ќе врши услуга на една пространа географија со која освен Турција, ќе бидат опфатени и целиот Блиски исток, Персискиот залив, Црвеното Море, Средоземното Море (Медитеранот), Северна и Источна Африка, Нигерија, Јужна Африка и нејзини блиски соседни земји.



Слични вести