„Ле Фигаро“: Турција за 10 години стана од водечките производители на наоружани беспилотни летала

Францускиот весник „Ле Фигаро“ го напиша следното: „Турција, за десет години заедно со Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Кина, стана еден од водечките производители на наоружани беспилотни летала (СИХА) на светот“

1728974
„Ле Фигаро“: Турција за 10 години стана од водечките производители на наоружани беспилотни летала

Францускиот весник „Ле Фигаро“ напиша дека Турција за десет години заедно со Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Кина, стана еден од водечките производители на наоружани беспилотни летала (СИХА) на светот.

Во веста на весникот „Ле Фигаро“ се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за „проширување на својата сфера на влијание“ ги зголеми договорите за продажба на наоружаните беспилотни летала (СИХА) кои постигнаа успех во Либија и Карабах.

Во веста се наведува дека по Азербејџан, Украина, Полска и Мароко за наоружаните беспилотни летала (СИХА) е заинтересиран и Киргистан, а воедно се изнесува следната констатација: „Турција, за десет години заедно со Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Кина, стана еден од водечките производители на наоружани беспилотни летала (СИХА) на светот.“

Се појаснува дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) се ефикасни за 20 пати поефтини од ефикасните воени авиони.“ 

Во веста се напоменува дека овие наоружани беспилотни летала (СИХА) најпрвин беа користени против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и за безбедноста на границите, а исто така се истакнува дека како резултат на користењето на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во 2016 година во Сирија беше сменета состојбата на теренот.

Во веста на францускиот весник „Ле Фигаро“ се нагласува дека освен тоа наоружаните беспилотни летала (СИХА) ги променија рамнотежите во Либија во последните 2 години и во Карабах во блиско време.

 



Слични вести