Гебрејесус: Пандемијата на Ковид-19 е многу далеку за да заврши

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус привлече внимание на нееднаквоста во вакцинирањето во глобални димензии и предупреди дека пандемијата на Ковид-19 е многу далеку за да заврши

1724696
Гебрејесус: Пандемијата на Ковид-19 е многу далеку за да заврши

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, во говорот што го одржа на отворањето на Светскиот здравствен самит којшто започна вчера во главниот град на Германија, Берлин, истакна дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е многу далеку за да заврши.

Одговарајќи на прашањето „Кога ќе заврши пандемијата?“, Гебрејесус привлече внимание на нееднаквоста во вакцинирањето во глобални димензии и предупреди дека пандемијата на Ковид-19 е многу далеку за да заврши.

„Мојот одговор е 'Епидемијата ќе заврши кога светот ќе избере да и стави крај'. Тоа е во наши раце. Располагаме со сите инструменти што ни се потребни. Но светот не ги искористи овие инструменти. Со речиси 50.000 дози неделно, пандемијата е далеку за да заврши. Како што знаете имаме за цел до крајот на оваа година да вакцинираме 40 отсто од населението на секоја земја.“

Велејќи дека земјите од Г-20 и земјите кои достигнаа до 40 отсто вакцинација од населението треба редот да им го препуштат на другите земји на кои им е потребна вакцина, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да се надмине само на тој начин.
 



Слични вести