Бројот на доброволците кои како засилувачка доза вакцина примија „Турковак“ надмина 400 лица

Бројот на вакцинираните доброволци со домашната вакцина „Турковак“ во рамките на третата фаза од испитувањата којашто им се применува како засилувачка доза на вакцинираните лица со две дози вакцина „Синовак“ надмина 400 лица

1724083
Бројот на доброволците кои како засилувачка доза вакцина примија „Турковак“ надмина 400 лица

Бројот на вакцинираните доброволци со домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „Турковак“ во рамките на третата фаза од испитувањата којашто им се применува како засилувачка доза на вакцинираните лица со две дози вакцина „Синовак“ надмина 400 лица.

Клиничките испитувања на третата фаза продолжуваат во 41 центар во 28 градови низ целата земја.

Во тој контекст, на вкупно 7.400 лица доброволци вакцинирани со две дози „Синовак“ согласно нивниот избор како трета доза вакцина им се применува домашната вакцина „Турковак“ или вакцината „Синовак“.

Доцент д-р Бедиа Мерт Динч која исто така е и истражувачка координаторка на „Турковак“ во дадената изјава во центарот кадешто голем број доброволци е вакцинираат во Градската болница во Анкара, истакна дека за студијата аплицираа голем број доброволци кои како трета доза вакцина сакаат да ја  примат вакцината „Турковак“ и дека досега се вакцинирани повеќе од 400 доброволци.

Укажувајќи дека истовремено се спроведуваат различни клинички студии на „Турковак“, Динч информира дека резултатите од овие студии ќе бидат објавени во доста скоро време.

Доцент д-р Бедиа Мерт Динч појасни дека имаат за цел што поскоро да се премине на широка употреба на домашната вакцина „Турковак“ и го додаде следното: „За тоа првенствено треба да добиеме одобрение за итна употреба. Затоа нашите активности ги водиме сестрано.“



Слични вести