Русија лансираше уште 36 сателити на компанијата „OneWeb“ во вселената

Бројот на сателитите лансирани според договорот со подружницата на Руската вселенска агенција (Роскосмос), Главкосмос, Аријанеспејс и Старсем, достигна 356

1719734
Русија лансираше уште 36 сателити на компанијата „OneWeb“ во вселената

 

 

Уште 36 сателити на британската компанија „OneWeb“ во вселената беа лансирани со руската ракета Сојуз-2.1Б.

36 комуникациски сателити на британската компанија OneWeb, дизајнирани за зголемување на брзината на интернетот, во вселената беа испратени од космодромот „Бајконур“ во Казахстан со ракетата „Сојуз-2.1Б“ од руско производство.

Бројот на сателитите лансирани според договорот со подружницата на Руската вселенска агенција (Роскосмос), Главкосмос, Аријанеспејс и Старсем, достигна 356.

„Роскосмос“ и „OneWeb“ претходно во врска со деталите за договорот објавија дека до 2022 година, имаат за цел во вселената да испратат 648 сателити.



Слични вести