Мустафа Чалиш: „ТУРКОВАК ја изолира варијантата „Делта“ на Ковид-19 “

Продолжуваме со активностите и кај трансгенските глувци и волонтерските серуми

1719643
Мустафа Чалиш: „ТУРКОВАК ја изолира варијантата „Делта“ на Ковид-19 “

Во рамките на студиите и истражувањата за ефектот на домашната вакцина ТУРКОВАК развиена против варијантата „Делта“ на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), вирусот беше изолиран.

Ректорот на Универзитетот Кајсери Ерџијес (ERÜ), проф. д-р Мустафа Чалиш, во изјавата во врска со ефектот на вакцината ТУРКОВАК развиена на универзитетот врз варијантата Делта на Ковид-19 рече: „Ја изолиравме варијантата Делта“.

Чалиш потсети дека во нивната претходна студија покажаа дека вакцината ТУРКОВАК е 100 проценти ефикасна против англиската (Алфа) варијанта.

Наведувајќи дека тие исто така започнале да работат на варијантата Делта, Чалиш рече:

„Ја изолиравме варијантата Делта. Ја испитуваме ефикасноста на нашата вакцина ТУРКОВАК против варијантата Делта. Продолжуваме со активностите и кај трансгенските глувци и волонтерските серуми. Се надеваме дека активностите ќе завршат што е можно поскоро. Очекуваме да биде многу ефикасна и против варијаната Делта, исто како што постигнавме успех во против варијантата Алфа. Нашиот тим работи интензивно, можеби во рок од еден месец, ќе можеме да го покажеме ефектот на ТУРКОВАК врз варијантата Делта“.

Чалиш изјави дека продолжуваат студиите од Фаза 3 на вакцината ТУРКОВАК.



Слични вести