85 отсто од светската популација е погодена од последиците од климатските промени

Kлиматските промени се видливи и забележливи речиси насекаде, од Соединетите Американски Држави (САД) до Јужен Судан.

1719064
85 отсто од светската популација е погодена од последиците од климатските промени

Најмалку 85 отсто од светската популација е погодена од последиците од климатските промени „предизвикани од човекот“.

Според студијата, објавена од страна на Списанието  за природни климатски промени (Nature Climate Change) во Велика Британија,, истражувачите анализирале повеќе од 100.000 студии за настани што може да бидат поврзани со глобалното затоплување.

Анализата беше реализирана по пат на споредување на база на податоци за промени во температурата и врнежите предизвикани од употреба на фосилни горива и други извори на емисија на јаглерод, врз чија основа истражувачите воспоставија солидна врска помеѓу екстремните временски настани и човечките активности.

Комбинираните студии фокусирани на настани како што се недостаток на земјоделски култури, поплави и топлотни бранови заклучија дека глобалното затоплување влијае на 85 отсто од копнените површини.

Во извештајот, беше забележано дека климатските промени се видливи и забележливи речиси насекаде, од Соединетите Американски Држави (САД) до Јужен Судан.

Вреди да се одбележи дека студијата беше објавена пред 26-та Конференција на страните (COP26) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), која ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов, Шкотска, со учество на ниво на државни лидери, високи претставници од јавниот и приватниот сектор.

COP26, потпишан во 2015 година, поставува цели како што се намалување на стакленичките гасови, забрзување на производството на обновлива енергија, намалување на глобалното затоплување на многу поголемо ниво под 2 степени Целзиусови, или дури и ограничување на 1,5 степени Целзиусови, и обезбедување финансиска помош за сиромашните земји да борба против ефектите од климатските промени. Тоа ќе биде првиот самит на кој ќе се оцени напредокот постигнат по Парискиот договор за климата.



Слични вести