Турскиот неврохирург оператор на насловните страни на западните медиуми

На аеродромот бев пречекан како крал. Полициските службеници кои беа одговорни за пасошите како и сите дрги службеници ми честитаа

1714496
Турскиот неврохирург оператор на насловните страни на западните медиуми

Турскиот неврохирург оператор, доктор Феридун Кубилај, кој ја породи бремената мароканска патничка на летот на Туркиш Ерлајнс (ТХЈ), рече дека е многу горд што неговата успешна интервенција е објавена на насловните страници на весниците во Соединетите Американски Држави (САД) и многу земји.

Кубилај, во врска со пораѓањето што се случи во авионот на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ на летот Истанбул-Чикаго, на кој се качи за да ги види своите деца како учат во САД, даде изјава за Агенцијата Анадолија.

Објаснувајќи дека по утврдувањето дека кај една бремена жена од Мароко почнале породилните болки, екипажот на авионот на Туркиш ерлајнс  објави соопштение. Кубилај во врска со пораѓањето рече дека кога увидел дека од медицински аспект раѓањето започнало, пораѓањето го извршиле додека летале над Копенхаген, Данска.

Доктор Кубилај изјави дека успешно ја завршиле операцијата и покрај тоа што претходно немал такво искуство.

„По раѓањето, секој час го проверував здравствениот статус на мајката и бебето. Бевме многу среќни што раѓањето се случи без потреба да слетаме во друг град“, рече тој.

Кубилај рече дека откако пораѓањето бил пријавено на кулата, здравствените екипи чекале подготвени на пистата на аеродромот во Чикаго и дека откако здравствените екипи му честитале, мајката и бебето со брза помош ги однеле во болница.

Кубилај рече: „На аеродромот бев пречекан како крал. Полициските службеници кои беа одговорни за пасошите како и сите дрги службеници ми честитаа. Во тој момент најважно беше што мајката и бебето беа предадени во сигурни раце. Потоа, веста беше објавена на насловите на сите весници, особено американскиот национален печат. Ме интервјуираа, им благодарам. Сега и тука, кога ќе ме видат и препознаат на улица, се сликаат и разговараат со мене. Мислам дека ова е најдобрата награда на нашата професија“.



Слични вести