Турција на прво место во Европа и седмо место во светот по бројот на администрирани дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во Турција е надмината бројката од 110 милиони администрирани дози вакцини и дека се наоѓа на прво место во Европа и на седмо место во светот

1713942
Турција на прво место во Европа и седмо место во светот по бројот на администрирани дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека Турција се наоѓа на прво место во Европа по вкупниот број на администрирани дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот Коџа во споделената објава на својот профил преку социјалната медија истакна дека во Турција е надмината бројката од 110 милиони администрирани дози вакцини.

„По вкупниот број на администрирани дози вакцини против Ковид-19 сме на прво место во Европа и седма земја во светот! На првите 6 места се наоѓаат Кина и САД кои се земји производители на вакцина и со многубројно население, како и други земји кои располагаат со голем број население.“ - напиша во својата споделена објава министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција заклучно со денеска 03 октомври, недела во 17:30 часот по турско време, се зголеми на 110 милиони 319 илјади 686.



Слични вести