Не се забележани никакви нуспојави во третата фаза од испитувањата на „Турковак“

Кај домашната инактивна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „Турковак“ којашто е тестирана врз приближно 1.500 доброволци, досека не се забележани никакви нуспојави

1709828
Не се забележани никакви нуспојави во третата фаза од испитувањата на „Турковак“

Дојдено е при крај во третата фаза од испитувањата во домашната вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „Турковак“.

Притоа кај вакцината којашто е тестирана врз приближно 1.500 доброволци не се забележани никакви нуспојави.

Продолжуваат клиничките студии на домашната инактивна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) „Турковак“.

Во вакцината која е дојдена во фаза на поднесување барање за одобрение за итна употреба, во наредните месеци се очекува да се премине на сериско производство.

Јасин Акпинар, еден од доброволците кои ја примија вакцината, истакна дека ја избрал вакцината „Турковак“ поради тоа што е домашна вакцина и рече: „Во првата доза вакцина не почувствував никаква нуспојава. Затоа ја примив и втората доза вакцина. Му се обраќам на целиот народ. Можат слободно да се вакцинираат со Турковак.“

Доктор Ајшин Килинч Токер, специјалистка за клиничка микробиологија за заразни болести при Градската болница во Кајсери истакна дека е применувана вакцина врз 1.500 доброволци.

Таа рече: „Има центри во Истанбул, Анкара и Кајсери. Во моментов продолжуваме како пет центри на Универзитетот Ерџијес и во Градската болница во Кајсери. На нашите доброволци им применуваме две дози во интервал, односно со поминати 28 дена. Кај нашите доброволци врз кои почнавме да ги применуваме вторите дози, досега во првата и втората доза не се соочивме со никаква сериозна нуспојава.“

 



Слични вести