Кај турската домашна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ не се забележани било какви нуспојави

Кај турската домашна инактивна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ која во рамките на третата фаза од испитувањата е применувана на 46 доброволци, досега не се забележани било какви нуспојави

1704140
Кај турската домашна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ не се забележани било какви нуспојави

Кај турската домашна инактивна вакцина против Ковид-19 „Турковак“ не се забележани било какви нуспојави.

Домашната вакцина против коронавирус за која се обратија доброволно 650 лица во рамките на третата фаза од испитувањата досега во Кајсери е применувана на 46 лица и притоа не се забележани било какви нуспојави, односно несакани реакции.

Втората доза вакцина ќе им се применува на доброволците по 28 дена.

Сериското производство на домашната вакцина се планира да започне пред да дојде зимата.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава за новинарите рече: „Кон сериско производство сакаме да преминеме најдоцна во рок од наредните 1,5-2 месеци. Ги правиме тие подготовки.“

 



Слични вести