Турција вклучена во ЕУ Системот за дигитален сертификат за вакцинација од Ковид-19

Во објавеното соопштение на интернет страницата на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство (SHGM) се истакнува дека Турција е приклучена кон Системот за дигитален сертификат Ковид-19 на Европската унија (ЕУ)

1699940
Турција вклучена во ЕУ Системот за дигитален сертификат за вакцинација од Ковид-19

Турција е вклучена во Системот за дигитален сертификат за вакцинаација од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на Европската унија (ЕУ) .

Во објавеното соопштение на интернет страницата на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство (SHGM) се истакнува дека Турција е приклучена кон Системот за дигитален сертификат Ковид-19 на Европската унија (ЕУ).

Во соопштението се вели следното: „Во рамките на информацијата од страна на Министерството за надворешни работи, на 19 август од страна на Европската комисија (ЕК) е прифатена одлуката за адекватност, за еквивалентност на сертификатите за вакцинација коишто се издаваат од страна на нашата земја, со што нашата земја е внесена во Системот за дигитален сертификат за вакцинација од Ковид-19 на ЕУ и оваа одлука на 20 август е објавена во Службениот весник на ЕУ.“ 

 



Слични вести