Министерот за здравство Коџа: Турција е на седмото место во светот по бројот на администрираните дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека Турција се наоѓа на седмото место во светот по вкупниот број на администрирани вакцини против Ковид-19

1696918
Министерот за здравство Коџа: Турција е на седмото место во светот по бројот на администрираните дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели редоследот на земјите во светот според бројот на администрираните вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Коџа истакна дека Турција се наоѓа на седмото место во светот по вкупниот број на администрирани вакцини против Ковид-19.

Заклучно со денеска (25 август 2021 година, среда) во 13:50 часот по турско време бројот на администрираните дози вакцини изнесува 90 милиони 686 илјади 567.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа го напиша следното: „Според вкупниот број на дози сме на седмото место. Германија која има ист број на население со Турција и е производител на вакцина е на шестото место. Земја која се наоѓа на првото место со население од 1 милијарда 400 милиони и која исто така е производител на вакцина, е Кина. Голем број европски земји пак, не можеше да ја покаже истата брзина со оваа земја. Ајде ве чекаме.“

 



Слични вести