Турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ на дневен ред на САД

Турското наоружано беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“ кое го зачувува своето место на дневниот ред на светот, овојпат се најде на дневен ред и на САД

1687087
Турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ на дневен ред на САД

Турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ продолжуваат да заземаат место на дневниот ред на светот.

„Defense news“ едниот од значајните информативни сајтови за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), подвлече дека со ставањето во примена на турското наоружано беспилотно летало (СИХА) „ТБ3“ Турција ќе располага со значајна сила на одвраќање.

Во веста се нагласува дека Турција формира флота од борбени авиони во морето.

Едниот од значајните поднаслови е и тоа дека наоружаните беспилотни летала „ТБ3“ ќе извршуваат заедничка задача со офанзивниот амфибиски брод „ТЏГ Анадолу“ којшто е едниот од значајните проекти на борбени бродови на Турција.

Информативниот сајт ги нагласува и зборовите на лидерот за технологија на „Бајкар“ Селчук Бајрактар „ТБ3 ќе пополни значајна празнина во оваа сфера“ и истакнува дека ТБ3 во 2022 година ќе полета во небото.

Во деталите на веста се вели дека крилјата на наоружаното беспилотно летало „ТБ3“ ќе можат да се поклопуваат и на бродот ќе можат да бидат распореденит 50 наоружани беспилотни летала, ќе располага со тежина од 1.450 килограми и ќе може да лета максимално 24 часа.

 



Слични вести