Новото турско беспилотно летало „Аксунгур“ достигна до 1.000 часа летање со и без оружје

Новото турско беспилотно летало „Аксунгур“ достигна до 1.000 часа летање со и без оружје со што продолжува да извршува различни задачи на теренот

1687272
Новото турско беспилотно летало „Аксунгур“ достигна до 1.000 часа летање со и без оружје

Новото турско беспилотно летало (ИХА) „Аксунгур“ кое е произведено од страна на инженерите и техничките работници на Турската воздухопловна и вселенска индустрија достигна до 1.000 часа летање со и без оружје на теренот.

Според објавеното соопштение од компанијата, беспилотното летало (ИХА) „Аксунгур“ коешто со реализираните летови со и без оружје собори рекорд во непрекинато летање, продолжува да извршува различни задачи на теренот.

Новото турско беспилотно летало (ИХА) е развиено со искористување на платформата на „АНКА“ за кусо време од 18 месеци и распола со капацитет за реализирање на задачи на непрекинато повеќенаменско разузнавање, надгледување, извидување и офанзивни задачи со висок капацитет на корисен товар.

Со корисниот товар „SATCOM“ располага со способност за реализирање на операции преку хоризонтот, т.е. линијата на видик.

На беспилотното летало „Аксунгур“ коешто својот прв лет го оствари во 2019 година до денеска му се интегрирани 3 различни камери EOIR, 2 различни SATCOM, 500 Тебери 81/82 од класа либре, виден комплет со крилја 82, домашен мотор PD170.

Како додаток на овие способности новото турско беспилотно летало „Аксунгур“ кое својата прва задача на теренот ја започна во вториот квартал на годината, според времетраењето на летање на теренот достигна до 1.000 часа.

 



Слични вести