Целосната вакцинација од клучно значење во заштитата од сите варијанти на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопштија дека најголем процент на заштита, најефикасна заштита од Ковид-19 се добива по изминати 7-14 дена од примањето на последната втрата доза вакцина

1685715
Целосната вакцинација од клучно значење во заштитата од сите варијанти на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) како регулатор на лекови на Европската унија (ЕУ) и Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопштија дека одобрените вакцини пружаат заштита против сите варијанти на новиот тип коронавирус (Ковид-19) вклучувајќи ја и делта варијантата, како и против ризик од сериозно, тешко заболување и ризик од смрт од вирусот.

Во објавеното заедничко соопштение од Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ) се истакнува дека најголем процент на заштита, односно најефикасна заштита од Ковид-19 се добива по изминати 7 до 14 дена од примањето на последната т.е. втората доза вакцина.

Во соопштението се вели следното: „Освен тоа вакцината е значајна и за заштита на лицата кај кои постои ризик за сериозно, тешко заболување и со најголем ризик за хоспитализација, односно префрлување на лекување во болница, како и за намалување на ширењето на вирусот и за појава на нови позгрижувачки и поопасни варијанти на вирусот.“ 

Во истото соопштение се привлекува внимание дека ефикасноста на одобрените вакцини од страна и на двете институции е многу голема, но дека тоа не значи дека вакцината е 100-процентно ефикасна.  

Во заедничкото соопштение им се одделува место и на следните ставови на Фергус Свини, претседателот за клинички студии и производство на Европската агенција за лекови (ЕМА): „Тоа (заболувањето на вакцинираните лица) не значи дека вакцините не вредат. Вакцинираните лица се заштитуваат многу подобро во споредба со лицата кои тешко заболуваат и тешко го пребродуваат Ковид-19, многу подобро се заштитени и сите треба да вложиме напори што поскоро да се вакцинираме.“

Европската агенција за лекови (ЕМА) која слично предупредување соопшти и на 15 јули, досега во земјите на Европската унија (ЕУ) го одобри користењето на вакцините произведувани од страна на БиоНтек-Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, додека продолжуваат прелиминарните вреднувања на вакцините како што се Синовак, Куревак, Новавакс, Спутник В и Санофи Пастер.

 



Слични вести