Турција на осмо место во светот со администрирани над 73,7 милиони дози вакцини

Турција се наоѓа на осмото место во светот со досега вкупно реализирани 73 милиони 741 илјада 274 дози вакцини (заклучно со денеска 02 август 2021 година, понеделник, во 15:05 часот по турско време)

1684211
Турција на осмо место во светот со администрирани над 73,7 милиони дози вакцини

Бројот на администрираните дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4 милијарди 180 милиони.

Турција се наоѓа на осмото место во светот со досега вкупно реализирани 73 милиони 741 илјада 274 дози вакцини (заклучно со денеска 02 август 2021 година, понеделник, во 15:05 часот по турско време).

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“ од чија страна се следат и постојано ажурираат податоците во врска со вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19), земја со најголем број администрирани дози вакцини досега е Кина со 1 милијарда 670 милиони дози.

По Кина, редум следуваат Индија со 472 милиони 220 илјади дози вакцини, САД 346 милиони 460 илјади, Бразил 142 милиони 490 илјади, Германија 92 милиони 50 илјади, Јапонија 87 милиони 380 илјади, Велика Британија 85 милиони 200 илјади, Турција со 73 милиони 741 илјада, Франција 72 милиони 670 илјади, Италија 68 милиони 740 илјади, Индонезија 68 милиони 150 илјади, Мексико 67 милиони 360 илјади, Русија со 62 милиони 230 илјади и Шпанија со 56 милиони 190 илјади дози вакцини.

 



Слични вести