Турција на осмо место во светот со администрирани 71 милион 265 илјади дози вакцини

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“, Турција се наоѓа на осмо место во светот по бројот на администрирани дози вакцини против Ковид-19 со досега вкупно реализирани 71 милион 265 илјади дози вакцини

1682433
Турција на осмо место во светот со администрирани 71 милион 265 илјади дози вакцини

Бројот на администрираните дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4 милијарди.

Турција се наоѓа на осмо место во светот по вкупниот број на досега администрирани дози вакцини, со досега вкупно реализирани 71 милион 265 илјади дози вакцини.

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“ од чија страна се следат и постојано ажурираат податоците во врска со вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19), земја со најголем број администрирани дози вакцини досега е Кина со 1 милијарда 600 милиони дози.

По Кина, редум следуваат Индија со 450 милиони 710 илјади, САД 343 милиони 360 илјади, Бразил 137 милиони 880 илјади, Германија со 91 милион, Велика Британија 84 милиони 300 илјади, Јапонија 82 милиони 590 илјади, Турција со 71 милион 265 илјади, Франција 69 милиони 690 илјади, Италија со 67 милиони, Индонезија со 64 милиони 840 илјади, Мексико со 63 милиони 310 илјади, Русија со 59 милиони 220 илјади и Шпанија со вкупно администрирани 55 милиони 190 илјади дози вакцини.

 



Слични вести