Турција на девето место во светот по бројот на администрирани дози вакцини против Ковид-19

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“ Турција се наоѓа на деветото место во светот по вкупниот број на администрирани дози вакцини со 69 милиони 630 илјади дози

1681661
Турција на девето место во светот по бројот на администрирани дози вакцини против Ковид-19

Бројот на администрираните дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 3 милијарди 970 милиони.

Турција се наоѓа на деветото место во светот по вкупниот број на администрирани дози вакцини.

Според интернет страницата „Ourworldindata.org“ од чија страна се следат и постојано ажурираат податоците во врска со вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19), земја со најголем број администрирани дози вакцини досега е Кина со 1 милијарда 580 милиони дози, а потоа редум следуваат Индија со 446 милиони 160 илјади дози, Соединетите Американски Држави (САД) 342 милиони 610 илјади, Бразил 136 милиони 510 илјади, Германија 90 милиони 290 илјади, Велика Британија 84 милиони 110 илјади, Јапонија 81 милион 20 илјади, Франција 69 милиони 690 илјади, Турција 69 милиони 630 илјади, Италија 66 милиони 470 илјади, Индонезија со 63 милиони 940 илјади, Мексико 61 милион 860 илјади, Русија со 58 милиони 630 илјади и Шпанија со 54 милиони 620 илјади дози вакцини.



Слични вести