Турција на осмо место во светот со администрирани над 63,8 милиони дози вакцини

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција до денеска (20 јули 2021 година, вторник) во 22:50 часот (по турско време) се администрирани вкупно 63 милиони 859 илјади 230 дози вакцини

1678027
Турција на осмо место во светот со администрирани над 63,8 милиони дози вакцини

Турција се наоѓа на осмото место во светот по вкупниот број на администрирани дози вакцини против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција до денеска (20 јули 2021 година, вторник) во 22:50 часот (по турско време) се администрирани вкупно 63 милиони 859 илјади 230 дози вакцини.

Од аспект на вкупниот број на администрирани дози вакцини Турција се наоѓа на осмото место во светот, така да на секои 100 лица се паѓаат по 75,62 вакцини.

Заклучно со денеска (20 јули 2021 година, вторник) во 22:50 часот (по турско време) 39 милиони 038 илјади 308 лица ја примија првата доза вакцина, а 21 милион 161 илјади 451 лице втората доза вакцина.



Слични вести