„Бајкар“ ги сподели визуелните материјали на концептуалниот дизајн на борбениот беспилотен авион

Во споделената објава на профилот на „Бајкар“ на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното „За прв пат ги споделуваме визуелните материјали на концептуалниот дизајн на нашиот проект на системот на борбениот беспилотен авион #МИУС (#MİUS)“

1677791
„Бајкар“ ги сподели визуелните материјали на концептуалниот дизајн на борбениот беспилотен авион

Компанијата „Бајкар“ ги сподели визуелните материјали на концептуалниот дизајн на проектот на системот на националниот борбен беспилотен авион (МИУС или MİUS).

Во споделената објава на профилот на „Бајкар“ на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното „За прв пат ги споделуваме визуелните материјали на концептуалниот дизајн на нашиот проект на системот на борбениот беспилотен авион #МИУС (#MİUS). На нашиот народ и на целиот исламски свет му посакуваме среќен #Курбан Бајрам (#KurbanBayramı) во здравје и радост. #НационаленТехнолошкиПотег (#MilliTeknolojiHamlesi).“

Компанијата „Бајкар“ на 17 јули сподели видео во кое се наоѓаа некои знаци во врска со системот на борбениот беспилотен авион (МИУС или MİUS) и го истакна следното: „Се вчитува подарокот за Бајрам! Чекајте го 20 јули.“

Исто така и лидерот на компанијата „Бајкар Текноложи“ (Baykar Teknoloji) Селчук Бајрактар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели видеото за кое станува збор и го напиша следното: „Ако запрашат кое е подрагоцено во животот... Да се стигне до целта или да се тргне на пат? Јас велам да се започне по истиот пат повторно со истата возбуда како првиот ден... #НационаленТехнолошкиПотег (#MilliTeknolojiHamlesi).“

 



Слични вести