Успешно реализирани тест летовите на Сонда ракетниот систем „СОРС“ со технологија на хибриден мотор

Успешно реализирани тест летовите на Сонда ракетниот систем познат по името „СОРС или SORS“ развиен со технологија на хибриден мотор за којшто се планира да се користи во беспилотното вселенско летало кое ќе биде испратено на Месечината во 2023 година

1677470
Успешно реализирани тест летовите на Сонда ракетниот систем „СОРС“ со технологија на хибриден мотор

Успешно реализирани тест летовите на Сонда ракетниот систем познат по името „СОРС или SORS“ развиен со технологија на хибриден мотор за којшто се планира да се користи во беспилотното вселенско летало кое ќе биде испратено на Месечината на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Републиката (2023 година).

Непрекинато продолжуваат студиите во врска со целите на Националната вселенска програма коишто беа соопштени лично од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 9 февруари годинава.

Најзначајната краткорочна цел на програмата е во 2023 година (на 100-годишнината од формирањето на Републиката) да се реализира „тврдо слетување“ на Месечината со вселенско летало, со користење на сопствените национални и оригинални технологии.

За постигнување на оваа цел турските инженери работат деноноќно, вклучувајќи ги и моторите на ракетите коишто ќе бидат лансирани во вселената.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, го посети тест центарот во Синоп кадешто се реализираат тестовите за лансирање на Сонда ракетниот систем „СОРС или SORS“ развиен од страна на  развиен од компанијата „Вселенски технологии Делта В“ во склопот на Претседателството за одбранбена индустрија при претседателскиот кабинет 

Овде, министерот Варанк доби информации за фазите на подготвување на летот со Сонда ракетниот систем „СОРС или SORS“.

Мустафа Варанк потсети дека една од целите на Националната вселенска програма е остварување на „тврдо слетување“ на Месечината во 2023 година и го рече следното: „Моментално започнавме со дизајнирање на нашето вселенско летало.“

Информирајќи за тестовите коишто се реализираат од страна на компанијата „Вселенски технологии Делта В“ во Синоп, Варанк рече: „Конечната цел овде е да можеме со ракетните хибридни мотори да ја преминеме границата на вселената за која се вели дека е 100 километри.“

Тој појасни дека студиите за „Мисијата на Месечината“ напредуваат успешно, и рече: „Чекор по чекор се доближуваме до Месечината. Се доближуваме до нашите цели за мисијата на Месечината.“

Варанк истакна дека ќе биде забрзан процесот и за испраќање човек во вселената, што е друга цел на Националната вселенска програма.

По завршување на процесот на полнење пред лансирањето и другите подготовки на сондата која како оксиданс користи течен кислород, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк и оние во негова придружба преминаа во зградата за контрола на лансирањето.

По последните безбедносни контроли почна да се одбројува и од 10 на назад и беше реализиран тестот за лансирање на сонда ракетниот систем „СОРС или SORS“.

Знакот за старт беше даден од страна на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк со што  сонда ракетата успешно го помина тестот во Синоп.

 



Слични вести