Турција осма земја во светот со администрирани над 63,6 милиони дози вакцини

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција до денеска (19 јули 2021 година, понеделник) во 15:40 часот (по турско време) се администрирани вкупно 63 милиони 618 илјади 325 дози вакцини

1677463
Турција осма земја во светот со администрирани над 63,6 милиони дози вакцини

Турција се наоѓа на осмото место во светот по вкупниот број на администрирани дози вакцини против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција до денеска (19 јули 2021 година, понеделник) во 15:40 часот (по турско време) се администрирани вкупно 63 милиони 618 илјади 325 дози вакцини.

Од аспект на вкупниот број на администрирани дози вакцини Турција се наоѓа на осмото место во светот, така да на секои 100 лица се паѓаат по 75,21 вакцини.

Заклучно со денеска (19 јули 2021 година, понеделник) во 15:40 часот (по турско време) 38 милиони 997 илјади 742 лица ја примија првата доза вакцина, а 20 милиони 973 илјади 224 лица втората доза вакцина.

 



Слични вести