Турција на деветото место во светот со администрирани над 63 милиони дози вакцини

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција заклучно со денеска (18 јули 2021 година, во недела) во 16:00 часот се администрирани вкупно 63 милиони 216 илјади 195 дози вакцини

1677020
Турција на деветото место во светот со администрирани над 63 милиони дози вакцини

Турција се наоѓа на деветото место во светот по вкупниот број на администрираните дози вакцини против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција заклучно со денеска (18 јули 2021 година, во недела) во 16:00 часот се администрирани вкупно 63 милиони 216 илјади 195 дози вакцини.

Од аспект на вкупниот број на администрирани дози вакцини Турција се наоѓа на деветото место во светот, така да на секои 100 лица се паѓаат по 74,78 вакцини.

Досега заклучно со денеска (18 јули 2021 година, во недела) во 16:00 часот на 38 милиони 927 илјади 749 лица ја примија првата доза вакцина, а 20 милиони 663 илјади 502 лица втората доза вакцина.

 



Слични вести