Започна клиничкото испитувања на третата доза на вакцината „Турковак-Коронавак“

Министерот за здравство Фахретин Коџа соопшти дека во Градската болница во Анкара започна клиничкото испитување на третата доза на вакцината „Турковак-Коронавак“ која е развиена со домашни можности против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1676462
Започна клиничкото испитувања на третата доза на вакцината „Турковак-Коронавак“

Во Градската болница во Анкара започна клиничкото испитување на третата доза на вакцината „Турковак-Коронавак“ која е развиена со домашни можности против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за здравство Фахретин Коџа во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија го истакна следното: „Во Градската болница во Анкара започна клиничкото испитување на третата доза на вакцината Турковак-Коронавак. Во студиите учествуваат доброволци помеѓу 18-59 годишна возраст кои примиле 2 дози вакцини Синовак, при што поминале 90 дена од примањето на втората доза вакцина. За поддршка на реализирањето на домашната вакцина ве чекаме во одделението за вакцинација на приземјето."

Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече дека доброволци можат да се обратат телефонски.

 

 



Слични вести