Јапонија ќе одобри примена на вакцината на Модерна на сите на возраст од 12 години и постари

Најновите податоци пренесени до министерството преку локалниот партнер на Модерна, јапонскиот фармацевтски гигант Такеда, се очекува да бидат одобрени од стручниот комитет.

1675820
Јапонија ќе одобри примена на вакцината на Модерна на сите на возраст од 12 години и постари

 

Јапонија ќе одобри примена на вакцината против новиот вид коронавирус (Ковид-19) на американскиот производител на лекови Модерна на сите на возраст од 12 години и постари.

Според информацијата на јавниот радиодифузен сервис НХК, што се заснова на извори на Министерството за здравство, ќе се прошири опсегот на вакцината Модерна, која се администрира на лица на возраст од 18 години и постари низ целата земја.

Најновите податоци пренесени до министерството преку локалниот партнер на Модерна, јапонскиот фармацевтски гигант Такеда, се очекува да бидат одобрени од стручниот комитет.

По одобрувањето, вакцината Модерна ќе биде достапна за сите на возраст од 12 години и постари низ Јапонија.



Слични вести