Бројот на администрираните дози вакцини против Ковид-19 во Турција надмина 60 милиони

Вкупниот број на администрирани дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција заклучно со 14 јули 2021 година, во среда во 13:30 часот по турско време изнесува 60 милиони 081 илјада 672

1675306
Бројот на администрираните дози вакцини против Ковид-19 во Турција надмина 60 милиони

Бројот на администрираните вакцини со првата, втората и третата доза од страна на Министерството за здравство на Турција на територијата на целата земја во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 60 милиони.

Турција на интензивен начин ја продолжува програмата за вакцинација во борбата против Ковид-19.

Сите граѓани над 18 годишна возраст можат да се вакцинираат со едната од вакцините Синовак и БионТек.

Според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 14 јули 2021 година, среда во 13:30 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19, со првата доза достигна до 38 милиони 345 илјади 615 лица, со втората доза 18 милиони 376 илјади 940 лица и со третата доза 3 милиони 359 илјади 117 лица.

На тој начин досега во Турција се администрирани вкупно 60 милиони 081 илјада 672 дози вакцини.



Слични вести