Турција на девето место во светот по бројот на администрираните дози вакцини

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција досега се администрирани вкупно 58 милиони 285 илјади 510 дози вакцини со што се наоѓа на деветото место во светот

1674046
Турција на девето место во светот по бројот на администрираните дози вакцини

Турција се наоѓа на деветото место во светот по вкупниот број на администрирани дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според податоците на Министерството за здравство, во Турција досега се администрирани вкупно 58 милиони 285 илјади 510 дози вакцини.

На тој начин од аспект на вкупниот број на администрирани вакцини Турција се наоѓа на деветото место во светот и на секои 100 лица им се паѓаат по 68,95 вакцини.

Досега 35 милиони 854 илјади 537 лица ја примија првата доза вакцина, а 17 милиони 405 илјади 760 лица по првата доза им е реализирана и втората доза вакцина.



Слични вести