Две турски компании на списокот на „Defense News Top 100“ меѓу одбранбените гиганти во светот

На списокот на „Defense News Top 100“ оваа година Турската компанија за Воена електронска индустрија (АСЕЛСАН) се најде на 48-то место, а Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на 68-то место

1674118
Две турски компании на списокот на „Defense News Top 100“ меѓу одбранбените гиганти во светот

Две турски компании за одбранбена индустрија влегоа во списокот на „Defense News Top 100“ кој се прифаќа како најпрестижен список за одбранбена индустрија во светот.

Од страна на воената издавачка компанија списанието „Defense News“ (Вести за одбрана“) со седиште во Соединетите Американски Држави (САД) се соопштени резултатите на списокот „Defense News Top 100“ за 2021 година кој е објавен земајќи ги за основа продажбите во одбраната.

На списокот оваа година Турската компанија за Воена електронска индустрија (АСЕЛСАН) се најде на 48-то место, а Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на 68-то место.

На списокот во кој поради пандемијата се доживуваат големи разлики во прометот во 2020 година АСЕЛСАН се наоѓаше на 48-то место, а ТУСАШ на 53-то место.

На челните места на списокот на чиј врв се наоѓа американската компанија Локид Мартин, заземаат место компаниите како што се Боинг, Ербас, Леонардо.

На првите 10 места на списокот се наоѓаат 6 компании од САД, 3 од Кина и една компанија од Обединетото Кралство.



Слични вести