Британски „Drone Wars“: Турција веќе на пат да стане лидер на пазарот на беспилотни летала

Во веста-анализа на информативната платформа за одбранбена индустрија „Drone Wars“ со седиште во Велика Британија се вели дека Турција е веќе на пат да стане лидер на пазарот на беспилотни летала

1671200
Британски „Drone Wars“: Турција веќе на пат да стане лидер на пазарот на беспилотни летала

Информативната платформа за одбранбена индустрија „Drone Wars“ со седиште во Велика Британија напиша за успехот на Турција во секторот на беспилотните летала (ИХА).

Во веста-анализа се вели дека Турција е веќе на пат да стане лидер на пазарот на беспилотни летала.

Во анализата се изнесува констатацијата дека „беспилотните летала од турско производство се докажаа себе си на теренот“ и дека „Турција е веќе на пат да стане лидер на пазарот на беспилотни летала“.

Во веста воедно зазема место и коментарот дека Турција го сруши монополот на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел во секторот на беспилотните летала.

Во написот како пример се покажува наоружаното беспилотно летало (СИХА) на Турција „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“) и се подвлекува извонредниот успех што го постигна на бојните полиња во Либија, Сирија и Нагорно Карабах.

Се истакнува дека овој успех на Турција го привлече вниманието и на Велика Британија.

Во веста-анализа на информативната платформа за одбранбена индустрија „Drone Wars“ со седиште во Велика Британија исто така се потсетува дека во извештајот подготвен од страна на британскиот министер за одбрана Бен Валас турските наоружани беспилотни летала „Бајрактар ТБ“ се покажуваат како пример и се додава следното: „Додека Турција е на пат да стане супер сила во сферата на беспилотните летала Европејците би требало да се засрамат поради тоа што спијат.“

 



Слични вести