Коџа: Прашање на коешто треба моментално да се фокусира во борбата против Ковид-19 е вакцинацијата

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека прашање на коешто треба моментално да се фокусира во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е вакцинацијата

1670905
Коџа: Прашање на коешто треба моментално да се фокусира во борбата против Ковид-19 е вакцинацијата

Министерот за здравство Фахреттин Коџа по состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, одговараше на прашањата на новинарите.

Министерот Коџа истакна дека прашање на коешто треба моментално да се фокусира во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е вакцинацијата.

Коџа потсети дека епидемијата може да заврши со вакцинација и постигнување на општествена имунизација, а воедно нагласи дека за тоа постои потреба од вакцинација најмалку од 70 отсто на населението.

Тој рече: „Пред Бајрам (20 јули) сакаме да вакцинираме најмалку 70 отсто од нашите граѓани над 18 години кои треба да се вакцинираат.“

Министерот Коџа, на едно поставено прашање во врска со донесените одлуки за туристите кои доаѓаат во Турција, одговори со следните зборови: „Ние велиме дека не бараме од оние кои имаат книшка за вакцинација или кои ја преживеале болеста во последните 6 месеци, но надвор од тоа од сите бараме антиген тест направен во последните 48 час или ПЦР тест во последните 72 часа пред влез во земјата. Знаете ги затворивме летовите од некои земји, за 6 земји, а продолжува и карантинот за 2 земји, Пакистан и Авганистан, освен тоа не го признаваме антиген тестот од земји како што се Иран и Велика Британија, во секој случај бараме ПЦР тест.“

На поставеното прашање „Дали се вакцинираат лицата под привремена заштита, на пример Сиријците?“ , Министерот за здравство Фахреттин Коџа одговори: „Се вакцинираат. Се вакцинира секој кој е вака под привремена заштита, кој на одреден начин има престој, кој е регистриран.“

 



Слични вести